Македонија

Албанските коалициони партнери тврдат дека платформата е жива и ќе биде од владината програма

Албанските коалициони партнери не се откажуваат од Тиранската платформа и ги повторуваат своите барања за редефинирање на државата.

18.05.2017 18:21:21
Албанските коалициони партнери не се откажуваат од Тиранската платформа и ги повторуваат своите барања за редефинирање на државата. Тие се контра гаранциите на лидерот на СДСМ за добивање на мандатот од формирање на Влада. 

Во гостувањето во емисија на Алсат-М од ДУИ, БЕСА и партијата на Зијадин Села велат дека без сомневање тиранската платформа е жива.

И првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, изјави дека во ниту еден момент не било прифатено од нивна страна да се воздржат од албанската платформа.

На средбата, тој и Заев не дискутирале дали БЕСА ќе учествува или не во владата. За тоа што гарантира Заев при добивањето на мандатот од Иванов, Касами рече дека условите се утврдени во албанската платформа.
Oвој став на Билал Касами доаѓа по добивањето на мандатот на Зоран Заев за формирање влада од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Креатор на Тиранската платформа е Еди Рама. Истата од албанските партии во Македонија беше потпишана на 7-ми јануари годинава, веднаш по одржаната средба.

Платформата предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, дискусии за промена на химната, знамето, државниот грб, употреба на албанскиот јазик на парите. Ова се само дел од барањата што стојат во Платформата потпишана во Тирана. 

Борис Грујоски