Балкан

Чавушоглу побара отстранување на специјалниот претставник на САД во меѓународната коалиција против ИД

Мекгрк ја задржа функцијата од времето на администрацијата на Барак Обама, но претходно работел како пратеник за Ирак во администрацијата на Џорџ Буш.

18.05.2017 15:06:40

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу повика денеска за отстранување на Брет Мекгрк, американски специјален претставник во меѓународната коалиција против џихадистите од Исламска држава, кој според него ги поддржува курдските бунтовници, јави ДПА. 

Мекгрк ја задржа функцијата од времето на администрацијата на Барак Обама, но претходно работел како пратеник за Ирак во администрацијата на Џорџ Буш. 

Чавушоглу за турската телевизија НТВ го обвини денеска Мекгрк дека ја поддржува Курдската работничка партија, која дејствува во Турција, а која САД, Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. 

Тој нагласи оти се смета дека Мекгрк има блиски односи со милицијата на сириските Курди, Силите за заштита на народот (СЗН), кои САД ги сметаат за најефикасна сила на терен во борбата против ИД. Тој посети оваа недела регион во северна Сирија, кој е под контрола на СЗН. 

Анкара смета дека СЗН е сириски огранок на ПКК.