Балкан

Предвремени избори на Косово: Два коалициски блока и тројца кандидати за премиер

Пред парламентарните избори на Косово, закажани за 11 јуни, се дефинираа два коалициски блока и тројца кандидати за премиерската функција.

17.05.2017 18:29:54

 Пред парламентарните избори на Косово, закажани за 11 јуни, се дефинираа два коалициски блока и тројца кандидати за премиерската функција, пренесува Танјуг.

Двете коалиции се појавија по прегрупирањето на силите како последица на длабоките противречности меѓу политичките партии.
Едната е составена од Демократската партија на Косово на досегашниот претседател на Парламентот, Кадри Весели, и опозициските партии Алијанса за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај.

Втората коалиција ја сочинуваат Демократскиот сојуз на Косово на досегашниот премиер Иса Мустафа и вонпарламентарната партија Алијанса за ново Косово на косовскиот мултимилионер Беџет Пацоли.

Крајнодесничарското движење Самоопределување одлучи на изборите да има самостоен настап.

Кандидати за премиерската функција засега се Рамуш Харадинај, досегашниот министер за Финансии, Авдулах Хоти, од Демократскиот сојуз на Косово и Албин Курти, основачот на движењето Самоопределување.