Економија

СДСМ наследува полн буџет од 180 милиони евра кеш за трошење

Буџет од 180 милиони евра кеш за трошење наследува новата влада, а во 2006 ВМРО-ДПМНЕ наследи само 1 милион евра и блокирана сметка.

17.05.2017 17:34:06
 Буџет од 180 милиони евра кеш за трошење наследува новата влада, а во 2006 ВМРО-ДПМНЕ наследи само  1 милион евра и блокирана сметка. 

Доколку оваа недела СДСМ формира влада, овонеделниот пресек според информациите од министерството за финансии покажува дека СДСМ наследува полн буџет од над 180 милиони евра. Тоа се пари расположливи за трошење веднаш и инвестиции во разни развојни проекти.

Од даноци од почетокот на годината собрани се 57 милијарди денари од даноци и придонеси. Собрани се и 5 милијарди денари неданочни добивки. Приходната и расходната страна се урамнотежени. Дефицитот е речиси анулиран и се движи околу 1 процент.

Во 2006 - та година кога ВМРО-ДПМНЕ  дојде на власт имаше околу три милиони евра, од кои над 2 милиони евра веќе биле  предвидени за годината за платени трошоци. Остатокот од околу еден милион евра бил планиран за плати, наемнини и за надоместоци. Ова значи дека Владата немаше пари за плаќање на другите финансиски обврски, кои се натрупале во изминатите месеци. Причина се, како што  пишуваше „Дневник“, многуте судски решенија за присилна наплата на долгови кон фирми и граѓани направени изминатите години.  

Кон крајот на август 2006 - та година по присилната наплата на доспеани долгови направени пред 2006 -тата година сметката на Владата беше блокирана откако се активирале две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од јавното претпријатие ГА-МА.