Спорт

Пелистер и Шкендија во трка за трофејот во Купот

Утре во Струмица Пелистер и Шкендија ќе се борат за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија.

16.05.2017 15:05:39
"Максимално се подготвуваме за овој финален натпревар. Се игра еден меч и сигурен сум дека ќе биде неизвесно. Можеби сме фаворити на хартија, но на терен тоа ништо не значи, во ваков меч секој може да победи. Сакам да апелирам до сите, почнувајќи од нас тренерите, па фудбалерите и навивачите на фер-плеј", изјави тренерот на Шкендија, Ерхан Селими.

Составот од Битола на утрешниот натпревар ќе се обиде по втор пат во историјата да се закити со трофејот.

"Го почитуваме противникот, Шкендија е силен тим, но најважно е да биде коректно и на теренот и особено на трибините. Нека победи подобриот", истакна предводникот на Пелистер, Наџи Шенсои.
Средбата почнува во 17 часот.