Спорт

Тери размислува за пензија

Дефанзивецот на Челзи и репрезентативецот на Англија, Џон Тери најавува дека сериозно размислува за завршување на кариерата.

16.05.2017 15:00:57
"Се уште не сум ја донел конечната одлука, но размислувам да се повлечам и да им оставам простор на помладите. Одлуката ќе зависи од многу фактори. Ако пристигне некоја добра понуда ќе ја разгледаме заедно со моите најблиски без разлика дали таа доаѓа од Англија или од некој друг клуб во странство", изјави Тери.

Триесет и шест годишниот Тери во изминативе 22 години одиграл 716 натпревари за Челзи и постигнал 67 гола. Во дресот на тимот од Стемфорд Бриџ освоил 17 трофеи од кои еден во Лигата на шампионите и пет во Премиер лигата.