Спорт

Ѓорчевска во квалификациите на Ролан Гарос

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорќевска повторно ќе има шанса да биде дел од еден Гренд слем турнир.

16.05.2017 14:52:13

Ѓорчевска во моментов е на 180. место на ВТА листата и според актуелниот пласман таа се најде меѓу 88-те тенисерки кои преку квалификациите ќе се обиде да обезбеди настап на главниот турнир на Ролан Гарос.

По учеството во квалификациите на УС Опен и Австралија Опен, Ѓорчевска по трет пат во кариерата ќе се бори за настап на еден Гренд слем турнир.