Македонија

За Заедничка Македонија утре пред Уставен со претставка за изборот на Џафери

Преседанот правен кај нив е направен. Прекршија Устав, закон, правилници не само стоејќи, може клечејќи да изберат Влада - велат од граѓанската иницијатива

15.05.2017 18:05:44
Легитимноста на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери како претседател на Собранието ќе ја оценуваат Уставните судии. Граѓанската иницијатива, За заедничка Македонија утре ќе поднесе претставка за оценување на уставноста за изборот на Џафери. Од таму најавуваат  дека се до судската разрешница околу изборот на собранискиот спикер, шефот на државата од новиот мандатар да инсистира на најцврста формулација со која ќе се гарантира независноста и унитарноста на Република Македонија.

- Знаеме добро дека мандатарот на тиранската коалиција е човек кому не може да му се верува и воедно затоа е првиот во историјата од кој се бараат вакви пишани гаранции со чие прекршување ќе сноси директна кривична одговорност. Претседателот мора да бара гаранции, но граѓаните не може да си дозволат таков луксуз од искуството со споменатиот мандатар за тиранската коалиција. Затоа ќе продолжиме будно да го следиме развојот на ситуацијата и нема да се ослонуваме на зборот на човек кој стотици пати докажал дека за него дадениот збор не значи ништо. - вели Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива. 

-Преседанот правен кај нив е направен. Прекршија Устав, закон, правилници не само стоејќи, може клечејќи да изберат Влада пред да ја клекнат Македонија на колена пред некои застрашувачки планови кои ни се спремаат истакна Борис Дамовски од За Заедничка Македонија. 

Од За заедничка Македонија посочија дека улицата останува нивниот сојузник,  протестните маршеви ќе ги редуцираат, но како што велат  енергијата ќе ја канализираат во правната битка.





Катерина Гетева 
 
 

Za zaednicka Makedonija utre pred ustaven so predstavka za izborot na Gaferi

Од: Hristo Neshkovski

Време: 16.05.2017 12:20:55

Коментар: Dragi braka,dodeka vie marshirate protestirajki protiv Tiranskata platforma,jas sekoja nok protestiram vo istoto vreme koga i vie tamu samo jas poc nuvam vo eden casot poslam polnok po Sydnejsko vreme sho se poklopuva so vremeto 17 casot vo Makedonija!Istovremeno go nosam kompjutero za da pratam sho se slucuva vo Republika Makedonija!Ja imate mojata licna podrshka i na mojata sedumclena familija!Vi blagodaram za vashata pozrtvuvanost za nashata Republika Makedonija!