Култура

Португалија победник на „Песна на Евровизија“

Неговата интерпретација на баладата Amar pelos dois (Љубов за двајца) што ја напиша неговата сестра, ја освои Европа.

14.05.2017 14:39:14

 Од Киев како победник на Песна на Евровизија си замина Португалија и извонредниот пејач Салвадор Собрал.

Неговата интерпретација на баладата Amar pelos dois (Љубов за двајца) што ја напиша неговата сестра,  ја освои Европа.

Со гласови на жири од телевизиските центри и публиката ширум континентот, 27-годишниот Португалец однесе победа во главниот град на Украина. Тоа е прва победа на Португалија во 62-годишната историја на Песна на Евровизија. Собрал има проблеми со срцето и чека трансплантација.

На второ место беше претставникот од Бугарија,а трета Молдавија.