Црна хроника

Тешка сообраќајна несреќа во штипско- почина жена

Неприлагодената брзина и непочитување на сообракајните правила и прописи се најчестите причини за ваквите несреки, покажува полициската статистика.

13.05.2017 17:30:16
Едно лице почина, а друго лице се здоби со фрактури по телото,е црниот биланс од сообракајната несрека која се случи вчера на патот Штип-Велес.75годишна скопјанка е  последната жртва на црната сообракајна точка, светиниколското село Кадрифаково. Во критичниот момент автомобилот со скопски регистарски таблички, управуван од 51годишен маж, излетал од патот и удрил во земјен брег.Со тешки телесни повреди возачот и сопатничката веднаш се хоспитализирани во штипската болница. Два часа по несреката ,жената им подлегнала на повредите, а на возачот му се констатиирани фрактури по телото и е надвор од животна опасност.

Неприлагодената брзина и непочитување на сообракајните правила и прописи се најчестите причини за ваквите несреки, покажува полициската статистика.
  
Црниот тренд од лани,продолжува и годинава.Од јануари до сега се регистрирани три жртви, а за само еден месец ова е втора жртва на патиштата во источниот дел од државата.
   
Извршен е увид на местото на несреката и се работи на утврдување на причините.

Александра Ристевска