Култура

Завршува снимањето на македонскиот филм „Дедо и внук”

За прв пат во историјата на македонската кинематографија имаме охридски автор и како сценарист и режисер, кој 4 години работел на проектот

13.05.2017 17:31:03
Охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски го отсонува својот сон-кај црквата Свети Јован Канео, се снимаат последните кадри од играниот филм „Дедо и внук“. Емотивната приказна која е дебитанско дело на нашиот сограѓанин, ќе биде прикажана на престижниот филмски фестивал во Берлин, но и на други меѓународни фестивали.

- И ако можам да Ви опишам во една реченица како го поминав овој цел период, можам да кажам дека best days of my life и со возбуда и со адреналин и со дружење на екипа.Се радувам што градот Oхрид ќе си биде поставен на мапа во светот, дека ќе биде идеална локација за снимање на други играни филмови, вели Илија Пиперкоски-режисери сценарист.

За прв пат во историјата на македонската кинематографија имаме охридски автор и како сценарист и режисер, кој  4 години работел на проектот, упорен во настојувањата да собере одлична актерска екипа со која во Охрид комплетно го сними првиот филм што до сега не се случило нити во поновата македонска историја.

- Овој филм ќе претставува еден вид промоција на Oхрид, бидејќи филмот ќе оди на многу филмски фестивали, ќе биде прикажан во повеќе држави, а прикажувањето на филмови е најголемата реклама за одреден филм.И други режисери снимале во Охрид, меѓутоа тоа биле само куси кадри, посочи Ѓоко Симјаноски-познавач на филмската уметност.

Покрај врвната актерска екипа која ја сочинуваа Дејан Лилиќ и Салаетин Билал,во филмот учествуваше и 10 годишниот охриѓанец Наум Цветкоски кој вели дека е привилегија да се снима филм со вака големи актерски имиња на македонското глумиште.

- Беше едноставно, требеше само текст да научам, го научив бевме во киното го глумев тој текст и ето така дојдов до овај филм.Дали тоа значи дека од секогаш си сакаш да бидеш глумец? Да да, рече актерот Наум Цветкоски.

Филмот кој се снимаше на неколку локации,претежно во стариот дел на градот, ќе биде прикажан во февруари 2018 година во Охрид. Имаме добар филм кој ќе го провлече вниманието на публиката, вели Пиперкоски, благодарен на гостопримливоста и срдечноста на своите сограѓни кои несебично им помагале, снимањата да поминат во најдобар ред. 

Росица Голабоска