Македонија

Прилеп во урбана експанзија

Токму и затоа, градежната експанзија која ја доживеа градот под Маркови кули во последните дванаесетина години, во голема мерка е плод на реализацијата на проектите на ова јавно претпријатие.

10.05.2017 17:52:34
Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови е  најмладото  јавно претпријатие во Прилеп кое е задолжено за повеќе дејности,но најприоритетна е грижата за урбаниот дизајн , просторниот и урбан развој на градот и ОпштинаПрилеп. Ова беше речено на денешниот прес од страна на локалната власт. 

Токму и затоа, градежната експанзија која ја доживеа градот под Маркови кули во последните дванаесетина години, во голема мерка е плод на реализацијата на проектите на ова јавно претпријатие. Плоштадите во центарот на градот,фонтаните,парковските површини,ревитализацијата на фасадите,новата општинска зграда, училишта, градинки, спортски објекти, градски превоз, паркинзи како и многу други објекти кои никнаа во последниве години на градот му дадоа нов  лик.

- Со постоењето на ова претпријатие граѓаните преку своите урбани заедници и Советот на Општина Прилеп добија ексклузивна можност да учествуваат во разубавувањето на својот град преку свои идеи и проблематики кои се преточуваа во проекти, а потоа и во реализирани целини. Таков е примерот со ревитализацијата на Паркот на револуцијата кој беше идеа на нашите сограѓани- рече градоначалникот Марјан Ристески.

Не случајно и други градови во Македонија побрзаа да го земат примерот од Прилеп и да формираат вакви или слични претпријатија и да реализираат слични проекти како Општина Прилеп. Со сите овие проекти ЈП за ПУП ќе продолжи и понатаму да биде главниот креатор на урбаниот лик на Прилеп.


Петар Стефановски

 

parkinzi

Од: smile

Време: 10.05.2017 18:49:32

Коментар: samo parkinzite da bea, ce bese mnogu. sekoja cest!