Црна хроника

Истрага за смртта на лекарката -исценирано самоубиство или посегнување по сопствениот живот

Според првичните информации од полицијата, неколкуте убодни рани на телото на докторката се направени со кујнски нож, кој бил во безживотното тело и кога ја пронашле.

10.05.2017 17:51:38
Исеченици по рацете и убодна рана во вратот, во локва крв лежело безживотното тело на 53 годишната лекарка од Клинички, која според пријавата во полиција, вчера вечерта, маж и ја пронашол дома. 

Дали некој ладнокрвно ја убил или сама кренала рака на себе? Како завршил животот на жената, дали некој исценирал сечење вени, а потоа со нож ја избодел во вратот или самата се повредувала со смрт, треба да покаже истрагата. 

Според првичните информации од полицијата, неколкуте убодни рани на телото на докторката се направени со кујнски нож, кој бил во безживотното тело и кога ја пронашле. На 192, случајот бил пријавен од болничар на Итната помош. Вчера вечерта во 21 часот и 5 минути, лекари  повикал мажот на докторката. Според неговите тврдења жената била сама дома во критичниот момент. 

Јавен обвинител нареди обдукција на телото, наодите оттаму ќе треба да откријат кои се причините за смртта дали убодната рана во вратот била пресудна или смртта настапила како последица на искрвавување. Судска ќе треба да утврди дали убодните рани лекарката си ги нанела сама или пак  некој ја избодел со кујнскиот нож. 

Од јавното обвинителство информираат дека издале наредба за  ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место, како и да се обезбедат евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти. Досега на распит во полиција биле повикани неколку лица блиски на почината. 

53 годишната лекарка била вработена на Клиниката за нефрологија, а предавала и на Медицинскиот факултет во Скопје.  





Катерина Гетева