Црна хроника

Убиен градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако бил застрелан од огнено оружје. Тој бил донесен во тетовската клиничка болница околу 10:45 од здобиените повреди починал.

06.05.2017 12:37:51
Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје. Тој бил донесен во тетовската клиничка болница околу 10 часот и 45 минути, но од здобиените повреди починал, потврдија од Министерството за внатрешни работи и од болницата.

Според првични информации, врз градоначалникот пукал поранешен вработен во општина Боговиње, Ќ.А., по вербална расправија. Тој, според инфорамциите, откако истрелал неколку куршум во Идризи, се застрелал во главата, и е префрлен на скопските клиники.

Во тек е увидот од екипи на полицијата и јавен обвинител со цел расветлување на случајот.