Црна хроника

9 причини зошто Близнаците поседуваат карактеристики на сериски убијци

12 од најстрашните сериски убијци биле Близнаци. Сите овие 12 поединци ги одземале животите на вкупно 159 жртви. Па, зошто припадниците на овој знак се склони кон социопатија?

06.05.2017 11:53:33
12 од најстрашните сериски убијци биле Близнаци. Сите овие 12 поединци ги одземале животите на вкупно 159 жртви. Па, зошто припадниците на овој знак се склони кон социопатија? Ако размислите подобро, Близнаците имаат голем број карактеристики што го предизвикуваат нивното ладнокрвно однесување на сериски убијци. Во продолжение дознајте кои се тие.

1. Не се приземни

Со оглед на тоа што Близнаците се воздушен знак, тие воопшто не се приземни луѓе. Тие се многу креативни, постојано летаат во облаците, но не се врзани за ниту еден вредносен систем. Тоа може да доведе до разнишан морал и лоша проценка во однос на тоа што е добро или лошо. Не е тајна тоа дека Близнаците понекогаш прават работи и покрај тоа што знаат дека тоа ќе доведе до негативни последици за нив и за другите луѓе.

2. Променливи се

Близнаците се под влијание на планетата Меркур, најбрзата и најблиската планета до сонцето. Имајќи го тоа предвид, Близнаците брзо ги менуваат активностите и мислењата за да ја одбегнат здодевноста. Едно убиство не би ги задоволило Близнаците. Тие би морале да извршат повеќе и тоа на различен начин за да им биде интересно. Оваа омраза кон рутината им помага на Близнаците успешно да ги извршуваат злоделата без да бидат фатени.

3. Имаат потреба од внимание

Близнаците сакаат внимание и ако не добијат признание за нивните добри дела, тогаш постојат големи шанси дека ќе почнат да прават нешто лошо. Сериските убијци си ја зголемуваат самодовербата со тоа што знаат дека луѓето се плашат од нив.

4. Многу Близнаци имаат комплекс на супериорност

Близнаците секогаш веруваат во нивната интелигенција и мислат дека се најпаметните поединци во просторијата. Од таа гледна точка лесно е да се заклучи зошто серискиот убиец роден во овој знак ќе верува дека никогаш нема да биде фатен и казнет за злочините.

5. Тешко им е да изградат длабоки врски со луѓето

Близнаците се познати по нивното големо знаење и бројни контакти, но тие се исто толку познати и по нивните површни односи со луѓето. Како последица на тоа, тие се помалку емпатични не само за одредени луѓе, туку за сите. Многу полесно е да се нанесува зло доколку не сте емоционално поврзани со човечките суштества.

6. Не им е проблем да водат двоен живот

Поради нивниот богат внатрешен свен и тенденција да се ставаат себеси на прво место, на Близнаците им е многу лесно да ги скријат личните работи. Ова не е само корисно за сериските убијци, туку и неопходно.

7. Лесно се прилагодуваат

Благодарение на нивната променливост, Близнаците лесно се прилагодуваат на новите ситуации. Токму затоа многу од сериските убијци во овој знак без проблем ги менуваат нивните планови кога станува збор за убиствата што сакаат да ги извршат. Ако треба да го променат планот во зависност од околностите, Близнаците можат да го направат тоа со леснотија.

8. Егоцентрични се

Близнаците не се толку емотивни како останатите знаци и не можат да ги разберат чувствата и проблемите на другите луѓе. Тие никогаш не можат да се стават себеси на туѓо место и тешко им е да изградат длабоки меѓучовечки односи што може да доведе до социопатија.

9. Знаат да глумат

Близнаците знаат да се однесуваат како вистински бебиња ако не е по нивно. Ако припадниците на овој знак почувствуваат дека не го добиваат признанието што го заслужуваат или ако не можат да најдат животна смисла, преземаат драстични мерки за да ја поправат ситуацијата. Во случајот на многу сериски убијци оваа поправка е штетна и деструктивна за околината.