Црна хроника

Одложено повторното судење на Србинот кој лани го уби охриѓанецот Димитар Матилоски

Во предлог жалбата на бранителот на српскиот државјанин се бараше првостепената пресуда да се преиначи и на обвинетитот да му се изрече поблага казна, или пресудата да се укине и предметот да се врати на повторно одлучување.

05.05.2017 17:46:05
Предметот за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски се враќа на повторно одлучување,откако битолска апелација ја укина пресудата која ја изрече охридскиот Основен суд, а со која српскиот државјанин Бојан Угреновиќ, кој одговараше за кривично дело убиство,беше осуден на 16 години затворска казна. Во предлог жалбата на бранителот на српскиот државјанин се бараше првостепената пресуда да се преиначи и на обвинетитот да му се изрече поблага казна, или пресудата да се укине и предметот да се врати на повторно одлучување. 

Семејството на младиот охриѓанец Димитар, е изненадено од неодамна донесената одлука на битолска апелација,предметот да го врати на повторно одлучување. 

- Не очекувавме апелација да го врати судењето во Основниот суд Охрид. 16 години за нас како семејство и другарите беа и така премалку. Сега судењето е одложено за 6 јули денот кога е роденден на Димитар ние место да славиме роденден, на Димитар ќе дојдеме на судење.-Изјава Цветанка Матилоска Пешиќ-сестра на Димитар.

Денес закажното судење се одложи за 6 јули, бидејќи поради ангажираност на службите со случајот Диво насеље, не биле во можност да го донесат убиецот на Димитар на главната расправа.

- За неговиот бесценет живот е изречена казна која за апелациониот суд Битола е премалку 16 години мислам дека нивната жалба за повторување на судењето е некоректна.Неговата загуба за нас вреди многу повеќе и тоа што убиецот ќе го добие е премалку за секој од нас.-Изјава Емил Ристески-другар на Димитар.

Животот на 26 годишниот Димитар Матилоски згасна на плочникот од кафе бар во непосредна близина на неговиот дом, за време на новогишната ноќ.


Росица Голабоска