Македонија

Заев дал наредба да се пука - ќе има ли одговорност?

Заев потврди дека дал наредба да се пука. Тука се наметнува прашањето дали на овој начин се испровоцира уште повеќе гневот на граѓаните при насилствата во Собранието?

29.04.2017 17:47:11
 Заев потврди дека дал наредба да се пука. Тука се наметнува прашањето дали на овој начин се испровоцира уште повеќе гневот на граѓаните при насилствата во Собранието? Дали ќе има и одговорност за полицискиот службеник, кој спротивно на процедурите барал совет од Заев дали да го употреби огнено оружје во Собранието и пукаше со него во плафонот. 

 -Службеното лице е полицаецот Аце, не е тој со пиштол на сликата што држи надвор, ќе го препознаат гледачите, но Аце е другото службено лице, тоа се двајца полицајци, официјално обезбедување на поранешниот министер за внатрешни, останаа со Оливер Спасовски. Во еден момент вели јас сум полицаец, ја дига значката, ве молам отстапете дојдовме до животот на пратениците. Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати. - изјави Заев.

Порталот Инфомакс објави дека Ацо Ангеловски или Аце како што нагалено го вика Заев, кога пукнал во плафонот во Собранието, од рикошетот на куршумот е повредено едно помладо лице кое било пренесено во Градската болница каде му биле санирани полесни повреди. Непрофесионалноста на Ангеловски, се покажува и со фактот што наместо да го знае законот кој треба да го спроведува, тој барал дозвола за пукање од Заев. 

Во моментов може да биде соочен и со казна затвор во траење од три дo 10 години, поради нелегално држење и употреба на огненото оружје. Исто така може да се соочи и со строги санцкии поради прекршување на правилникот за употреба на средства за присилба. Против група на цивили кои немаат оружје не смее во ниту еден случај да се користи огнено оружје, дури ни како предупредување.  

Со посегнување по оружјето очигледно и атмосферата зовре уште повеќе а во нередите во Собранието настрадаа и Заев и останатите. 


Лепа Џундева
 

zaev dal naredba za pukanje

Од: smile

Време: 29.04.2017 23:44:30

Коментар: Zaev da se pritvori za prevrat I potik za nasilstvo...

NE MOZE SEKOJ

Од: POLICAEC

Време: 29.04.2017 21:06:49

Коментар: Samo komandantot na policijata moze da mu naredi na policaiskiot sluzbenik -koga moze da puka=ili chasovi za vo koja situacija i sluchka moze da puka=ili samo vo Odbrana za zivot..??