Македонија

Вонредна седница на Владата по измрзнувањето на овошките

Владата на Република Македонија вечерва ќе одржи вонредна седница заради првично согледување на последиците од временските непогоди

22.04.2017 17:28:16
Владата на Република Македонија вечерва ќе одржи вонредна седница заради првично согледување на последиците од временските непогоди проследени со ниски температури и мразеви, што претходните два дена ги зафатија овоштарските региони во Државата- од Преспанскиот регион каде родот речиси целосно е уништен,  Делчевскиот регион и Малешевијата во источна Македонија, како и Охридско- струшкиот регион. По средбите со преспанските овоштари, увид во  состојбите на овоштарниците изврши заменикот министер за земјоделие Ванчо Костадиновски, а се најавуваат повеќе владини и општински мерки за ублажување на последиците.

-Наредната работна недела ќе се формираат општинските комисии кои ќе работат на утврдување на штетите, тогаш кога ќе се создадат услови за тоа и да се процента штетите, кои според првичните согледувања ипроценки, ќе однесат голем дел од годинешниот јаболков род- рече д-р Ѓоко Стрезовски, гардоначалник на Општината Ресен.- Вечерва ќе има итна седница на Влада, вонредна, на која што ќе се анализираат состојбите предизвикани од мразот и во предвид ќе ги земеме сите извештаи од УХРМ и согласно сите законски можности што постојат во делот на обезб едување на помош  и преземањена сите мерки неопходни за состојбата во која се најдоа земјоделците и да им помогнеме во надминувањето на последиците предизвикани од мразот- рече Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.

Во вакви околности, час поскоро, на овоштарите им се неопходни парите од субвенциите. Пари има и планираните 105 милиони евра предвидени со Буџетот се обезбедени за сите 80. 000 апликанти, рече Костадиновски.

-Дефинитивно можам да кажам дека сите земјоделци, сите оние кои што аплицирале  и на кои им се одбрени, ќе си ги добијат соспствените средства. Значи, з анекој период од  две до три недели, се надевам, ќе најдеме решение кое ќе значи надминување на оваа состојба во која се доведени земјоделците-  рече Костадиновски.

Синоќа, преспанските овоштари цела ноќ бие битка со мразевите, палејќи слама и стари автомобилски гуми. Некој и на тоа заработи- една стара гума во Битола се продаваше за сто до двесте денари, а балите со слама чинеа најмалку сто и педесет до двесте денари. 

Петар Стефановски

 
 

osiguruvanje

Од: naumce

Време: 22.04.2017 23:26:38

Коментар: treba definitivno da ne se davaat subvencii i drugi stimulacii bez osiguruvanje na zemjodelskiot imot/ toa e resenieto, a ne politika so populizam i favoriziranje na ovaa grupa gragjani vo odnos na drugite