Економија

Годишна конференција на Македонска берза-Политичката криза влијае на пазарот на капитал

Политичката криза во Македонија го успорува финансискиот пазар, а тоа влијае и врз намалување на бројот на странските инвестиции.

21.04.2017 18:06:38
 Политичката криза во Македонија го успорува финансискиот пазар, а тоа влијае и врз намалување на бројот на странските инвестиции. Иако резултатите од берзанското тргување во првиот квартал покажуваат дека вкупниот промет по сите основи изнесува неполни 17 милиони евра,што е сосема задоволителен податок,имајќи предвид дека тоа е втор најдобар квартал во последните 5 години,а македонскиот берзански индекс  е пораснат за 5 %,сепак во месец април, таа динамика е малку поуспорена. 

- Што покажува дека фрагилна е целата состојба, не економските фактори, политичката криза секако влијааат.Најмногу влијаат во однос на тоа што странските инвеститори речиси не се присутни, пазарот е потпрен на македонски инвеститори со сите импликации, можни осцилаторности од тоа во иднина.-Изјава Иван Штериев-главен извршен директор на Македонска берза.

После светската економска криза која не затекна пред 10-тина години, регион го тресе еден друг вид криза која до почетокот на оваа година не можеше толку и да се забележи.Станува збор за начинот на финансирање, растот и развојот на гиганти во приватниот сектор кои во меѓувреме пораснаа-вели Синиша Крнета од белгратската берза.Тој потенцираше и дека доминанатен извор на финансирање на многу компании е со задолжувањето преку земањето на кредити од банките. 

- Тоа е криза која упатува дека еден стандарден начин на финасирање на компании кои ги имаме во нашиот транзициски перид во последните 25 години од Вардар па до Триглав,укажува дека ни сопствениците на приватниот капитал уште не ја научија лекцијата во смисла на можностите кои пазарот на капитал ги пружи.Она што исто така е индикативно, е дека политичките структури ја пропуштаат можноста пазарот на капитал да го искористат како мотор за развој на националните економии,со што би се влијаело на смалување на незапосленоста и зголемувањее на бруто општествениот производ.-Изјава Синиша Крнета од Белградската берза.

Кога ќе ги прашате луѓето кои доаѓаат од берзите ќе ви кажат дека бројките не се за пофалба,бидејќи изостанува приватниот капитал кој на пазарот на капитал собира пари за финасирање на растот и развојот-додава Крнета. 

Росица Голабоска