Економија

Мразот ги уништи преспанските овошки

Овоштарите велат дека вакви ниски температури за само два часа можат да го уништат цутот, а последиците наскоро ќе се видат штом температурата биде повисока од 16 степени.

21.04.2017 18:06:16
Преспанските овоштари од денеска се во паника. Синоќешните ниски температури од минус 4 до минус пет степени целзиусови , кои го зафатија целиот Преспанскиот регион од Љубојно се до Јанкоец, траеја седум часа и се стравува дека целосно го уништија  родот на јаболката и ан  другите овошки кои се во фаза на цутење.

-Уништено е целосноот производство на јаболка во Преспа и чудо ќе биде ако некое јаболко воопшто преживее на температури  под минус м5,1 степени- рече Љубе Пампулевски овоштар од с. Арвати.-  Ова е катастрофална штета од мразот и снегот што фатија сношти и целосно е оштетено цело овоштарство- рече  Ремзи Љумани од с. Арвати.-  Скоро сите сорти, почнувајќи од црве делише, златен делишес и ајдарек се сто- посто изгорени.- рече Сами Реџепи од с. Крани. –Денешнитетемператури од мину 3- 4 степени, направија големи оштетувања. 

Вечерните што се очекуваат и предвидуваат, ќе бидат уште еден удар и ова ќе биде крај за Преспа- рече Румена Димовска од с. Арвати.

Овоштарите велат дека вакви ниски температури за само два часа можат да го уништат цутот, а последиците наскоро ќе се видат штом температурата биде повисока од 16 степени.

- Иако мал дел од овоштарниците се осигурани, ќе видиме како во овој случај ќе постапат осигурителните компании, оти минатата година имавме негативни искуства. Од понеделник, до институциите и Министерството за земјоделство, ќе испратиме соопштение и ќе бараме поддршка и помош за овоштарите од Преспа. Би ја искористил оваа прилика да апелирам до нашите политичари, час поскоро да ги исплатат субвенциите оти ние сме доведени до крај- рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари ``Благоја Котлароски`` од Ресен.

Меѓутоа, временските прогнози не им даваат здив  на околу 4.000 овоштари од Преспа  да се соочат со она што им се случи. Вечерва,  уште еднаш , 4. 500 ха со јаболкови насади, колку што ги има во овој регион, ќе бидат изложени на превртливата нарав на природата.

- Вечерва можеби ќе бидат најкритичните моменти  за овоштарниците во Преспа. Затоа, овоштарите планираат со расчадување, проветрување и прскање, да спасат колку- толку, иако  синоќешните мразеви покажаа дека штетите се огромни, а проценките допрва ќе утврдуваат што ќе остане од преспанското јаболко во годинешната реколта. 


Петар Стефановски
 

studovi

Од: mite

Време: 21.04.2017 21:05:13

Коментар: Nevreme, grad, sega studovi, sto ce da bese. Pred dve godini imavme rekolta od 140. 000 toni jabolka, lani samo pedeset, godinava bez nisto ce ostaneme. Kade e spasot? velat osiguritelni polisi, ama i so niz tesko odat rabotite.