Македонија

Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“, нема повредени

Пожарот кај напуштените бараки кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и нема повредени лица.

21.04.2017 14:23:14

Пожарот кај напуштените бараки кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и нема повредени лица.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти не постои опасност да се прошири. Интервенирано е со 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

- Спречено е ширење на пожарот на останатите бараки. Нема повредени лица и пожарникари, истакна Томески. 

Со пожарот беа зафатени три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.