Македонија

Стружани протестираа за отстранување на депонијата

Стружани на протест пред зградата на општинскиот Совет-бараат итно да се најде решение за депонијата која оддалечена само на еден километар од градот

20.04.2017 18:03:18
Стружани на протест пред зградата на општинскиот Совет-бараат итно да се најде решение за депонијата која оддалечена само на еден километар од градот, со години ги труе и претставува потенцијална опасност за ширење зарази. Граѓаните буквално се гушат во неподнослива смрдеа од густиот чад кој се шири низ градот. Некој велат, за ваквата ситуција треба да понесе одговорност.

„Па треба, јас да ви кажам бидејќи сум од фелата на правниците сношти напишав кривична пријава и ќе ја доставам до обвинутелство.Утре сабајле рано ќе го сторам тоа. Последниве години стварно човек да се згрози,не е ова сефте меѓутоа деновиве ми се чини ја достигна кулминацијата“, вели Менка Опетческа-жител на Струга. 

„Секој има право на здрава животна средина,за жал последните неколку денови жителите на општина Струга не можат да го уживаат ова уставно загарантирано право.Тешко беше да се биде жител на Струга последниве денови. Ваквата депонија не ги исполнива нити основните, суштествените услови за да се нарече депонија“, додава Глигорије Ќатоски, граѓански активист.

Граѓанските активисти по протестот,на денешната вонредна седница на Совет, на гратските советници им испорачаа неколку барања: да се размисли за дислокација на депонијата и да се разгледа прашањето за формирање депонија за регионот на Југозападна Македонија.

„Треба посериозен пристап за решавање на овој проблем, бидејќи сите градови имаат слични проблеми, меѓутоа ние сме далеку од регионали депонии бидејќи тој процес би отпочнал после 2022-ра, а ние до тогаш треба да ги имаме предвид проблемите во однос на решавањето“, категоричен е Ардијан Демири, советник.

Од општина Струга велат дека со пари од ИПА фондовите ќе се гради регионала депонија во општина Дебрца, за што во моментов се изработувала физибилити студија.Во меѓувреме се раамислува дали сметот да се одлага во охридската депонија Буково или  струшки Мали Влај. 

Росица Голабоска