Македонија

Премиера на „Европјани“ в сабота

Љубителите на театарот оваа сабота во Ц.К. “И.А.С.” ќе можат да ја погледнаат најновата претстава на драмското студио - комедијата “Европјани”

20.04.2017 18:04:11
Љубителите на театарот оваа сабота во Ц.К. “И.А.С.” ќе можат да ја погледнаат најновата претстава на драмското студио.Се работи за комедијата “Европјани”,која освен што ќе ја насмеа публиката, токму преку хуморот ќе ја опише и моменталната состојба во која се наоѓа државата.

Актерите за оваа претстава се подготвувале цели четири месеци.Велат, работеле напорно, но нивниот труд секогаш е наградуван од верната тетовска публика.

Драмското студио со комедијата “Европјани” ќе се претстави и пред скопската публика. Преимерата е закажана за 24 април во Драмскиот театар во Скопје.


Милена Вуческа