Македонија

„Џудишал Воч“ поднесе тужба против Стејт Департментот и амбасадорот Џес Бејли

Според конзервативната невладина организација тужбата следува откако се појавиле сомнежи за незаконско финансирање и политички активности на амбасадорот Бејли во рамки на фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општество во Македонија

20.04.2017 17:53:14
Нема реакција на Американската амбасада во Скопје по веста дека „Џудишал Воч“ ќе поднесе тужба против Стејт Департментот и амбасадорот Џес Бејли за делувањето во земјава. Според конзервативната невладина организација тужбата следува откако се појавиле сомнежи за незаконско финансирање и политички активности на амбасадорот Бејли во рамки на фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општество во Македонија. Наводно, во периодот од 2012 до 2016-та оваа фондација примила 5 милиони американски долари од американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Информацијата за тужбата против Бејли ја пренесува и престижниот Fox News. И таму се наведува дека „Џудишал Воч“ ја поднесе тужбата откако Стејт Департментот и УСАИД до средината на февруари не одговориле на нивното  барање за пристап до информации од јавен карактер, а кои главно се однесуваат на извештаите и договори за префрлување на пари од Стејт Департментот директно на сметка на фондацијата Отворено Општество во Македонија. Невладината„Џудишал Воч“ меѓу другото, побарала и податоци за остварените контакти меѓу  официјални лица од Стејт Департментот од една страна и вработени во фондацијата Отворено Општество, од друга. Исто така организацијата побарала информации за вмешаност и контактите кои што со организациите ги остварил Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.  
Инаку, на интернет страната на УСАИД е наведено дека во периодот од февруари 2012, до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на фондацијата Отворено општество во Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Според податоците на страната на УСАИД, во проектите со фондацијата на Сорос  биле обучени стотици млади лица во сферата на правото на слобода на здружување, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Преиспитување на активностите на амбасадорот Џес Бејли и УСАИД во Македонија неодамна побараа и шестмина конгресмени, меѓу кои и Сенаторот Мајк Ли - тој испрати писмо до Бејли со барање да ја објасни врската помеѓу Стејт Департментот и Фондацијата Отворено Општество.

Елена Ставровска - Севриевска
 

E AMERIKO ZASPANA

Од: PATRIOTISTA

Време: 20.04.2017 20:34:06

Коментар: Kako nema nekoi da go sprechi ovoj SOROS=da gi troshi =Amerikanskite -TAXSI-pari Za krvoprolevanjeto vo svetot..?? Nikoi vo Amerika ne znait shtoe toa demokratija