Спорт

Серена се враќа по породувањето

Поранешниот светски рекет број 1, Серена Вилијамс најави дека се враќа на терените по породувањето.

20.04.2017 16:26:57
Вилијамс во текот на минатата недела потврди дека е трудна, а воедно и потврди дека веќе ги планира настапите на турнирите во текот на 2018 година.

Доколку најавите за враќањето на терените се потврди Вилијамс нема да биде првата тенисерка која по породувањето повторно ќе настапува на турнирите.

Во поновата историја таков беше примерот со Ким Клаајстерс, а истото го најави и Викторија Азаренка, која во моментов е надвор од терените.