Спорт

Панатинаикос посакува реванш против Фенербахче

Вечерва се играат два натпревари од четврт-финалето во разигрувањето за титулата во Евролигата.

20.04.2017 16:22:10

Московска ЦСКА од 19 часот се среќава со Басконија и ќе се обиде повторно да ја искористи предноста на домашен терен и во пред преселбата на серијата во Шпанија да поведе со 2:0.

Еден час подоцна во Атина, Панатинаикос се соочува со Фенербахче, кој во првиот дуел успеа да направи брејк и да има предност во овој дуел.

Панатинаикос ќе се обиде да забележи победа и да го израмни резултатот, а во спротивно Фенебрахче ќе биде на чекор до пласман на завршниот турнир.