Спорт

Битка за полуфинале во Лига Европа

Денеска се играат реванш дуелите од четврт-финалето во Лига Европа.

20.04.2017 16:13:06
Најголемиот фаворит за освојување на трофејот Манчестер Јунајтед го пречекува Андерлехт, а по првите 90 минути во Брисел резултатот беше 1:1.

Шалке на домашен терен ќе се обиде да ја надополни предноста на Ајакс од првиот натпревар од 2:0, а Генк во пресрет на реваншот со Селта има негатива од првиот меч откако во Виго шпанскиот состав славеше со 3:2.

И во последниот меч Бешикташ за противник го има Лион, кој во Турција допатува со победа од 2:1.

Сите четири натпревари почнуваат во 21:05 часот.