Спорт

Раул Гонзалез го врати Ристовски во репрезентацијата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот списокот на играчи кои се во конкуренција за дуелите против Исланд.

20.04.2017 16:08:54
Во националниот тим се враќа голманот Борко Ристовски, кој не беше во комбинација за мечевите на последниот Мундијал во Франција, а од ветераните меѓу повиканите се уште Ацо Јоноски и Немања Прибак.

Новиот селектор за дебитантските настапи на чело на националниот тим реши да ги повика и младите голмани Мартин Томовски и Никола Ѓорѓески како и кружниот напаѓач на Металург, Костадин Петров, а во составот се враќа и крилото на Вардар, Владо Недановски.

Првиот натпревар против Исланд го играме на четврти мај во Скопје додека реваншот е три дена подоцна во Рејкјавик. До крајот на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе се соочиме со Украина и Чешка, а овие два дуели на програмата се на почетокот од јуни.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ
Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлескки, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Немања Прибак, Жарко Пешевски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Велко Марковски, Мартин Поповски, Филип Миркуловски, Марко Нелоски, Филип Кузмановски, Никола Костески, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Дарко Димитриевски, Костадин Петров, Кирил Колев, Владо Недановски и Даниел Ѓорѓески.