Спорт

Хјустон и Голден Стејт поведоа со 2:0

Во трите натпревари од првата рунда во разигрувањето за титулата во НБА лигата победи на домаќините кои во серијата водат со 2:0.

20.04.2017 15:59:45
Хјустон ја совлада Оклахома со 115:111 и стигна до вториот триумф во стартната рунда од разигрувањето.

На гостите не им помогна фантастичната партија на Расел Вестбрук, кој забележа 51 поен, 13 асистенции и 10 скока додека на спротивната страна блескаше Џејмс Харден со учинок од 35 поени, осум додавања и четири освоени топки под обрачите.

Голден Стејт настапи без Кевин Дурент, но и тоа не беше проблем да се совлада Портланд со 110:81.

Стеф Кари впиша 19 поени, шест скока и шест асистенции, а Дрејмонд Грин додаде шест поени, 12 скока и 10 додавања.

Во поразениот тим Морис Карклес имаше 15 поени и осум скока додека Демијан Лилард постигна 12 поени.

Во последниот натпревар од вечерашнава програма славеше над Атланта со 109:101.