Македонија

Анализа: Зошто некој сака да ја замолчи дискусијата за последиците од реализирањето на Тиранската платформа?!

Зошто некој сака да ја замолчи дискусијата околу последиците од прифаќањето и реализирањето на Тиранската платформа? Албанските партии кажаа дека нема да ја поддржат СДСМ ако не ја спроведат Платформата.

20.04.2017 17:55:55
Зошто некој сака да ја замолчи дискусијата околу штетните последици од прифаќањето и реализирањето на Тиранската платформа? Албанските партии јасно кажаа дека нема да ја поддржат СДСМ ако не ја спроведат Платформата. 

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ постојано се обидуваат да предупредат на штетните последици од прифаќањето на тиранската платформа, иако опозицијата дава отпор. 

Анализа околу блокирањето на Собранието направи и одговорниот уредник на ТВ Алфа, Коле Чашуле во новата емисија „Седмица“ што се емитуваше во неделата. 

- Зарем толку им е кратко памтењето на СДСМ и ДУИ па стигнаа да обвинуваат за блокада на Парламентот? Талат Џафери ќе зборува за опструкција? Запраша Чашуле и потсети на 2012. кога Џафери се обидуваше да го искаже револтот во Собранието - молчејќи, анализира Чашуле.

СДСМ која прави напори и бара дупки во деловникот за насила да го протурка Талат Џафери за спикер, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека целосно го блокирала Парламентот. Тука нормално им се приклучи и ДУИ, а како најгласен е секако Талат Џафери кој изгледа едвај чека да седне во спикерската фотелја.

Ваквиот начин на блокирање на Парламентот, не е македонска измислица. Во развиените земји таа е воспоставена демократска пракса која има и свое име - Филибастер. Тоа значи бескрајни говори на Сенаторите, со цел блокирање на одредени предлози, a масовно се користи во САД - што предизвикува сериозно одлагање на именувањата од новата администрација. Во Сенатот соодносот е 52 Републиканци, 46 Демократи и 2 независни. За да го прекинат ова Републиканците ги менуваат правилата намалувајќи ја можноста за говор.  

На оваа тема магазинот Real Clear Politics прави интервју со поранешниот сенатор Tom Daschle. Во текстот се споменува периодот кога Daschle бил лидер повеќе од 2 години во Сенатот, и под негово водство го блокирале именувањето на судија - предлог на Претседателот Џорџ Буш. По 2 години кандидатот сам се повлекол од номинацијата.

Во минатото бевме сведоци на блокади во Собранието токму од страна на СДСМ и ДУИ. Колку за потсетување, собраниската говорница беше заглавена и во февруари 2007, кога СДСМ и ЛДП поднесоа на 2 и пол илјади амандмани за менување на собранискиот деловник.

Борис Грујоски
 

OVAA NEE ALBANIJA

Од: MK..Advokat

Време: 20.04.2017 20:58:28

Коментар: Slushaite vie Albanci i pratenici i site drugi=Vie shto imate pravo vo Makedonija =Nikoj nema vo celiot svet..?? Taa vasha platforma mozete da sija sprovedete samo vo vasha Albanija Ova e Makedonija .Ne zaboravete oti vo Makedonija ima i drugi malcinstva.I site ke pobataat da donesat platformi=Zatnetesija ustata i tolku Spogodbata e napravena=taka reche Putin i Tromp=Prethodnata vlada USA-Zamina.