Свет

Дваесет и четири лица повредени во верижен судар во Словачка

Дваесет и четири лица се повредени во верижен судар на 40 автомобили, што се случи за време на голема снежна бура во североисточниот дел на Словачка

20.04.2017 14:13:28
Дваесет и четири лица се повредени во верижен судар на 40 автомобили, што се случи за време на голема снежна бура во североисточниот дел на Словачка, соопшти словачката полиција. 

Портпаролот на спасувачката служба Борис Хмел изјави дека несреќата се случила денеска околу шест часот изутрината во близина на градот Попрада. 

Оштетените автомобили го блокирале автопатот, кој го поврзува главниот град Братислава со источните делови на земјата. 

Властите соопштија дека ги евакуирале луѓето од автомобилите.