Свет

Ердоган и Трамп ќе се сретнат следниот месец

Извори од кабинетот на Ердоган вчера соопштија дека Трамп телефонски го побарал турскиот претседател и „му ја честитал победата на референдумот“.

19.04.2017 14:44:47

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган следниот месец, пред одржување на самитот на НАТО, ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Извори од кабинетот на Ердоган вчера соопштија дека Трамп телефонски го побарал турскиот претседател и „му ја честитал победата на референдумот“.

Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен изрази задоволство од честитката на Трамп по повод резултатите од референдумот.

- Убаво е, но уште поубаво би било да се сретнеме во живо и да ја подобриме нашата соработка. Ми се допаѓа Трамп и неговите потези ме прават среќен. Ние сме сојузници и верувам дека можеме да решиме многу проблеми, порача Ердоган. 

 

POARNO

Од: GJORKO

Време: 19.04.2017 18:17:30

Коментар: Jas mislam -poarnoe da se sretne so Putina =i da mu chestita pobedata vo Sirija..??