Економија

Македонски аеродроми: се очекуваат два милиона патници годинава

Расте бројот на патници на македонските аеродроми. Последните податоци на воздухопловните власти покажуваат дека во првиот квартал е остварен раст од 7.1%. Се очекува годинава да се натфрли ланскиот рекорд и да се стигне до 2 милиона превезени патниц

18.04.2017 17:44:11
Расте бројот на патници на македонските аеродроми. Последните податоци на воздухопловните власти покажуваат дека во првиот квартал е остварен раст од 7.1%. Се очекува годинава да се натфрли ланскиот рекорд и да се стигне до 2 милиона превезени патници.

Евтините летови, новите дестинации, достапноста на европските метрополи и подобрената инфраструктура значително го зголемија интересот за летање, со што скопскиот аеродром постепено се претвора во регионален центар.

„Со мерките и политиките овозможивме 37 дестинации низ Европа и Блискиот Исток, рекорден број досега. Уште еден показател за успешниот развој на авиосообраќајот во Република Македонија е и фактот што имаме дополнително зголемување од 7,1% на бројот на патници во првиот квартал од оваа година“ – велат од Министерството за транспорт и врски.