Економија

Бизнисот бара евтини кредити за да вложува во развој

Македонските компании бараат евтини кредити за да можат да опстојат и во време на политичка криза. Им требаат свежи пари за да успеат да креираат повисоки стапки на економски раст.

17.04.2017 17:35:17
Македонските компании бараат евтини кредити за да можат да опстојат и во време на политичка криза. Им требаат свежи пари за да успеат да креираат повисоки стапки на економски раст. Неопходна им е обнова на технологијата за да произведат производи со додадена вредност, како и полесен пристап до финансии. Иако банките реагираа на намалената основна камата од страна на Народната Банка и дел од нив ги намалија стапките, сепак бизнисмените бараат повеќе можности и извори за кредитирање.

Од Стопанската комора на Македонија објаснуваат дека во вакви услови бизнисмените треба да ги искористат компаративните предности за поагресивен настап на странските пазари.

Засега кризата не влијае премногу на инвеститорите.  82% од претставниците на веќе присутните  германски компании во земјава се изјасниле дека повторно би инвестирале во Македонија. За разлика од нив, домашните компании засега се воздржуваат од инвестиции. Тоа го потврдува и Народната банка. Во последниот извештај се наведува дека кредитирањето забавува, а во јануари имало пад од 1.6%. НБМ очекува економијата годинава да ја заврши со раст од 3 и пол отсто.  


Тања Попова