Спорт

Бејл нема да игра против Баерн

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл поради повреда нема да биде во комбинација за дуелот од Лигата на шампионите против Баерн.

17.04.2017 16:20:17
Бејл има проблеми со листот на ногата и повредата ја заработи на првиот четврт-финален дуел во Минхен.

Иако се сметаше дека повредата не е сериозна сепак според пишувањето на весникот Марка, репрезентативецот на Велз нема да може да настапи на утрешниот натпревар на Сантијаго Бернабе.