Спорт

Нишикори меѓу петте најдобри на АТП

На најновата АТП листа нема измена на водечката позиција, а најголем скок бележи Кеи Нишикори.

17.04.2017 13:00:11

Енди Мареј остана на првата позиција пред Новак Ѓоковиќ, Станислас Вавринка и Роџер Федерер.

Меѓу најдобрите пет сега е Нишикори, кој бележи скок од две позиции.

Милош Раониќ остана на шестото место додека Рафаел Надал од петтата падна на седмата позиција.

Најдобрата десеторка на светот ја комплетираат Марин Чилиќ, Доминик Тим и Жо Вилфред Цонга.