Спорт

Утре жрепката за полуфиналето во ЛШ

Утре во 13 часот во Будимпешта ќе се одржи жрепката за полуфиналето на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионки.

17.04.2017 12:55:39
На жрепката во унгарската престолнина ќе присуствуваат четири ракометарки кои настапуваат за тимовите што партиципираат на Фајнал 4 турнирот.

Нашиот првак Вардар ќе го претставува Тамара Мавсар, а во Будимпешта ќе бидат уште Анита Гербиц (Ѓер), Лине Јоргенсен (Букурешт) и Катарина Булатовиќ (Будуќност).

Завршниот турнир се игра на 6 и 7 мај, а термините на одигрување на мечевите се 15:15 и 17:45 часот.