Спорт

Факти за завршниот турнир во ЛШ

Познати се учесниците на завршниот турнир во женскиот дел од ракометната Лига на шампиони. Повторно меѓу четирите најдобри се најде македонскиот првак Вардар.

17.04.2017 12:46:56
0 - ниту еден тим од воведувањето на Фајнал 4 турнирот не успеал да ја одбрани титулата

1 - Ирина Дибирова има шанса да биде првата ракометарка во историјата која трофејот во Лигата на шампионки го освоила како играч и тренер.

1 - Вардар е редовен учесник на завршниот турнир, но ниту еднаш не успеал да се пласира во финалето.

2 - два тима во текот на сезоната сменија два тренери. Вардар на клупата имаше дури три тренери. Сезоната ја почна Индира Кастратовиќ, кој беше заменета од Дејвид Дејвис, а во моментов на чело на екипата е Ирина Дибирова. 
Букурешт сезоната ја отвори со Јакоб Вестергард, кој го наследи  Аурелиан Роска, а во моментов тимот го води Пер Јохансон. Од следната сезона на клупата на Букурешт ќе седи Хеле Томсен.

2 - два тима Вардар и Будуќност биле дел од сите четири завршни турнири во Лигата на шампионки.

3 - три поранешни европски шампиони се дел од  Фајнал 4 турнирот во Будимпешта. 

3 - три тренери на учесниците на завршниот турнир работеле и како селектори. Драган Аџиќ (Будуќност - Црна Гора), Мартин Амброс (Ѓер - Романија) и Пер Јохансон (Букурешт - Шведска)

4 - ракометарки настапија во финалето на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро и сите беа дел од репрезентација на Франција која го освои среброто.  Амандин Лејно и Александра Лакрабер се дел од Вардар додека за тимот на Букурешт настапуваат Камил Ајглон и Гниосан Ниомбла.

5 - поранешни најдобри стрелци во ЛШ се дел од завршниот турнир во Будимпешта. Андреа Пенезиќ (Вардар 2014/2015), Изабел Гулден (Букурешт 2015/2016), Кристина Неагу (2014/2015) и Анита Гербиц (2013/2014, 2011/2013), Зузана Томори (2012/2013)

11 - ракометарки од 11 држави го носат дресот на Вардар.

14 - ракометарки кои се дел од завршниот турнир во текот на кариерата го освоиле трофејот во ЛШ

20 - ракометарки од 20 земји се дел од тимовите кои настапуваат на Фајнал 4. Тунис и Мароко се единствените две неевропски држави.