Спорт

Пенезиќ атакува на златната топка во ЛШ

Во пресрет на завршните два натпревари во Лигата на шампионки, Андреа Пенезиќ води на листата на најефикасни ракометарки во елитното натпреварување.

17.04.2017 12:22:45

Пенезиќ е на чело со 87 гола три повеќе од второпласираната Ана Грос од Мец, која веќе го заврши настапот во Лигата на шампионки.

Лин-Кристин Ригелхут Корен од Ларвик е трета со 83 погодоци додека трета Стине Јоргенсен од Митјиланд со 81. И овие ракометарки нема да можат да ја загрозат Пенезиќ бидејќи нивните тимови се елиминирани во четврт-финалето.

Во конкуренција за златната топка остануваат Кристина Неагу со 80 гола и Катарина Булатовиќ и Изабел Гулден со по 79.

Јованка Радичевиќ со 58 погодоци го дели 16-тото место, Андреа Лекиќ со 49 е 23-та додека Александра Лакрабер ја дели 26-тата позиција со 47 погодоци.