Црна хроника

Негодување за украдено палто заврши крваво во Сарај

18 годишникот, со првото замавнување, на левата страна од градите го исекол 16 годишникот од Сарај, вториот пат кога замавнал со ножот му нанел убод во десната страна од градниот кош на другиот 16 годишник од Сарај, кој со скутер дошол да го одбрани

16.04.2017 17:30:12
Дамнешна детска кавга за наводна кражба на јакна е најверојатно причината за смртта на 16 годишно  момче, кое вчера доцна попладнето беше убиен во близина на селото Сарај, неговиот брат близнак е полесно повреден во тепачката. 

Паркингот кај Кањонот Матка е местото каде вчера 16 годишник од Сарај бил пресретнат од три момчиња од Шишево. Двајца на 18 годишна возраст, еден негов врсник. Момчињата почнале караница, 16 годишниците, неофицијално  се обвинувале меѓу себе за кражба на некакво палто. Додека траела караницата, на момчето од Сарај му се придружил и брат му кој пристигнал со скутер, па караницата прераснала во тепачка. За едно од момчињата од Шишево тоа било доволна провокација да извади нож. 

18 годишникот, со првото замавнување, на левата страна од градите го исекол 16 годишникот од Сарај, вториот пат кога замавнал со ножот му нанел убод во десната страна од градниот кош на другиот 16 годишник од Сарај, кој со скутер дошол да го одбрани братот.  Момчето се струполило на асфалтот, починало веднаш. Лекарите кои пристигнале на интервенција не можеле да сторат ништо за да гo повратат во живот младото момче. 

Телото на убиениот по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција. Полицијата веднаш ги уапсила трите момчиња од Шишево. За убиството е осомничен 18 годишник, со него разговараат инспектори од крвни деликти кои го утврдуваат мотивот за нападот и убиството. Полицијата има рок од 24 часа за да му поднесе кривична пријава на осомничениот, кој најверојатно освен за убиство ќе одговара и за нападот со нож на едно од момчињата. 



Катерина Гетева