Култура

Бакрачески: Некои од петни жили се борат Охрид да го загуби статусот во УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид регаираше на својот личен фејсбук во врска со ставовите на дел од невладиниот сектор кој смета дека со предвидените проекти во Охридскиот регион може да го загрози статусот на УНЕСКО.

14.04.2017 17:16:24
Градоначалникот на Охрид регаираше на својот личен фејсбук профил во врска со ставовите на дел од невладиниот сектор кој смета дека со предвидените проекти во Охридскиот регион може да го загрози статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

- Се чини дека некои структури се задолжени и од петни жили се борат Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО , многу повеќе отколку што привидно се загрижени за зачувување на природата и културното наследство. Ако беше поинаку, немаше да заборават дека под заштита е поширокиот регион на Охридско Езеро, а не само Охрид. И немаше да заборават дека статусот е добиен 1980 година а не 2014 година. Оние кои добро ја познаваат или се занимаваат со оваа проблематика знаат што значат овие две мои забелешки, напиша на фејсбук Бакрачески..

Од 9-14 април во земјава во мониторинг мисија престојуваше експертски тим на УНЕСКО која треба да изготви извештај за заштитеното природно и културно наследство во Охридскиот регион. Експертите на УНЕСКО остварија средби со претставници на Националниот парк Галичица, Завод и Музеј Охрид, локалната самоуправа и со невладини организации.