Црна хроника

Двајца повредени во сообраќајката кај „ОХИС“

Случајот во полиција во 12.27 часот го пријавил возачот на автобусот со скопски регистарски таблички.

12.04.2017 16:48:42
Две лица се повредени во сообраќајка што се случи денеска околу пладне на улицата „Борис Трајковски“ во близината на фабриката „ОХИС“ меѓу автобус на ЈСП Скопје со број 41 и товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“. 

Како што соопшти МВР, повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде им биле констатирани телесни повредени, им била укажана помош по што се пуштени на домашно лекување. 

Случајот во полиција во 12.27 часот го пријавил возачот на автобусот со скопски регистарски таблички. 

Како што соопшти ЈСП Скопје, автобусот на претпријатието има видно оштетени странични стакла.