Македонија

Чудотворна икона изложена е во битолска црква

Иконата која според мотивите се нарекува ``Достојно ест``, за прв пат била нацртана во светогорските манастири.

12.04.2017 17:46:21
Свештенослужителите и верниците од Преспанско- пелагониската епархија, во пресрет на велигденските богослужби, молитви и празнување, имаат несекојдневна можност да се поклонат пред чудотоворната икона посветена на Мајката Божја од 1748 година, во битолскиот храм ``Пресвета Богородица``. За само неколку дена, покрај битолчани, пред оваа света икона дојдоа да се поклонат верници и од други епархии и држави. Наскоро, иконата ќе биде дарувана и поставена до тронот во Богородичниот храм. 

- Ако инвестираме во оваа света чудотворна икона на Мајката Божја, со молитви, подвизи и пост, пролеани многу солзи упатени кон неа, таа допрва ќе чудотвори- рече денеска Господин Петар, митрополит преспанско- пелагониски и администратор австралиски и новозеландски.

Иконата која според мотивите се нарекува ``Достојно ест``, за прв пат била нацртана во светогорските манастири. Меѓутоа, битолската икона пред неколку децении била украдена од белградски колекционер, па со својата чудотворност не му давала мира и тој морал да ја врати, со молба да не биде пријавен во полиција. По долгогодишна нејзина реставрација, сега е изложена во храмот ``Пресвета Богородица``,  а за чудата ќе се зборува во наредните години, рече на денешниот прес митрополитот Петар.

Петар Стефановски
 

ikona

Од: kustos

Време: 18.04.2017 22:27:53

Коментар: Ikonata od familijata Lala e vistinska umetnost i dobro e sto Ministerstvoto za kultura ja kupi. aka, postojano ce bide izlozena vo galeriskiot prostor na Zavod i muzej vo Bitola.

dostojno est

Од: makedonka

Време: 12.04.2017 23:07:51

Коментар: Ovaa ikona doprva ce cudotvori, no neka bide postojano izlozena i da se cuva!