Македонија

Туск утре во Скопје на средба со Иванов

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе ја посети Република Македонија. Тој во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во спра

02.04.2017 14:47:58
 Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе ја посети Република Македонија. Тој во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот. 

Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите  од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија.

Ова е трета посета за две години на Туск на Република Македонија. На последната средба во март 2016 година, Туск и претседателот Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија и беше дециден дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност. 

 

ЕУ

Од: МК

Време: 02.04.2017 23:19:06

Коментар: Европската унија ако нема храброст и моќ да одговори соодветно на бегалската и мигрантска криза тогаш нека собере храброст и моќ да ја признае и прими Република Македонија во своето членство без никакви услови и ограничувања и без никакви промени на име и да докаже дека стои на страната на правдољубието и вистинољубието.Да Живее Република Македонија.

Туск утре во Скопје на средба со Иванов

Од: ZORAN-SR

Време: 02.04.2017 15:05:04

Коментар: OVIE OD EU , UPORNO SAKAT DA GO UBEDAT G. IVANOV DA GO DADE MANDATOT NA ZAEV . UPORNO SAKAAT DA JA PODELAT MAKEDONIJA .