Живот и стил

Ураганот Деби без струја остави над 100.000 домови во Австралија

Повеќе од 100.000 куќи во моментов се без струја, како последица на ураганот Деби. Циклонот погоди подрачје од над 1.000 километри и нанесе голема штета, поради која десетици илјади Австралијци се заробени од поплавите на источниот брег од земјата.

01.04.2017 14:18:16
 Повеќе од 100.000 куќи во моментов се без струја, како последица на ураганот Деби.

Циклонот погоди подрачје од над 1.000 километри и нанесе голема штета, поради која десетици илјади Австралијци се заробени од поплавите на источниот брег од земјата.

Урнати се многу мостови, уништени се и патишта, наведуваат британските медиуми.

Шест големи реки го достигнаа нивото на поплави, а водостојот и натаму расте, соопшти австралиското Биро за метеорологија.

Би-Би-Си претходно јави дека две жени го загубиле животот, повикувајќи се на информација од австралиската полиција.

Властите стравуваат дека уште луѓе го имаат загубено животот заради постојаниот раст на водостојот на реките во текот на ноќта.

Во јужен Квинследн најтешко е погодено подрачјето околу местото Лисмор, каде водената буица и кал со височина од три метри носеле се пред себе.

Нивото на вода и натаму расте, а врнежите не се намалуваат, пренесе Би-Би-Си.

Квинсленд е во целосна блокада, затворени се повеќе од 2.000 училишта, а без електрична енергија се неколку десетици илјади лица.

Војската мобилизира стотици војници со хеликоптери да ги снабдат најзагрозените подрачја со вода за пиење, храна и останати потребни производи.