Македонија

Прилепскиот пазар ќе произведува електрична енергија

Прилепскиот пазар стартува со реализација на проект за производство на електрична енергија со фотоволтаични панели за сопствени потреби на пазарот, но и за потребите на локалната самоуправа, односно градот, старата чаршија и поширокото градско подрач

30.03.2017 20:31:31
 Прилепскиот пазар стартува со реализација на проект за производство на електрична енергија со фотоволтаични панели за сопствени потреби на пазарот, но и за потребите на локалната самоуправа, односно градот, старата чаршија и поширокото градско подрачје. Од денеска започнува со изработка на физибилити студија, а веднаш потоа и проект, со што, ќе се дадат одговори дали струјата ќе се акумулира во инвертори или ќе се внесува во системот на ЕВН.

- Се планира да бидат поставени 1.300 фотоволтаични панели, со кои ќе се покрие целиот пазар и кои би произведувале 271,8 kw електрична енергија на ден. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на површина од 3.500 метри квадратни со кои ќе се обезбеди електрична енергија за околу 3.000 светилки. 

За целиот проект наскоро треба да биде изработена и физибилити студија - рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. 
За оваа инвестиција, локалната самоуправа ќе користи средства од пристапните европски фондови, каде што е лидер со досега реализираните. За  модернизирање на пазарот досега се инвестирани 25 милиони денари и градот под Маркови кули  доби современ и целосно покриен пазар. За наредните четири години се планираат и други проекти во оовој капацитет,  во кој ќе се инвестираат уште педесет милиони денари.

Петар Стефановски