Спорт

Фудбалските надежи со втора најдобра серија во Европа

Со триумфот над Бугарија од 1:0, македонската репрезентација до 21 година ја продолжи низата на извонредни резултати.

30.03.2017 13:46:04

Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат серија од 13 натпревари без пораз и во моментов се втората селекција заедно со врсниците од Португалија која има најдолга успешна низа на европскиот континент.

Нашата репрезентација последен пат е поразена на 11 јуни 2015 година и тоа на стартот од квалификациите за Европското првенство против Исланд. Од тој момент фудбалските надежи не знаат за пораз и имаат серија од девет победи и три нерешени резултати.

Подобра од нашата селекција е Португалија, која има низа од 19 последователни настапи без пораз.