Спорт

Чурлинов повикан во А репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го одржи првиот тренинг по враќањето од Лихтенштајн.

26.03.2017 13:04:05

Селекторот на националниот тим, Игор Ангеловски за претстојниот контролен натпревар со Белорусија што ќе се одигра во вторник од 18 часот во Скопје нема да може да смета на играчите кои се дел од репрезентацијата до 21 година и се реши да го повика фудбалерот на Келн, Дарко Чурлинов.

Доколку Чурлинов добие шанса на дуелот со Белорусија тој со 16 години и шест месеци ќе биде најмладиот фудбалер кој настапил во дресот со националниот грб.

Во репрезентацијата се враќа и Езџан Алиоски, кој поради жолти картони го пропушти мечот против Лихтенштајн.