Македонија

Кој ќе го организира филмскиот фестивал ``Браќа Манаки``

Се отвора ли повторно ``пандорината кутија`` како пред две години, околу организацијата на интернационалниот филмски фестивал ``Браќа Манаки``.

22.03.2017 19:48:34
 Се отвора ли повторно ``пандорината кутија`` како пред две години, околу  организацијата на интернационалниот филмски фестивал ``Браќа Манаки``.  Здружението за филмска уметност ``Центар за филм`` од Битола, на годинешниот конкурс за меѓународни филмски проекти на Агенцијата за филм, покрај Друштвото  на филмските работници кои досега се сметаат за ексклузивни основачи и организатори на ``Браќа Манаки``,конкурираа за добивање на фестивалската организација и доделување на средства. 

На денешниот прес, рекоа дека  во самите почетоци на  Фестивалот од 1979 година други субјекти беа основачи и дека Друштвото на филмските работници нема ексклузивитет, ниту фестивалот го има заштитено како бренд. Агенцијата за филм најави дополнителна евалуација и побара од двата субјекта дополнителна документација.

-Она што го бара Агенцијата, ние не сме основачи и таков документ не можеме да доставиме. Сметам, можеби не сум во право, но таков документ не постои и во секој случај, основач на фетивалот ако го име, не е само Друштвото на филмски работници- рече Димитар Николов, член на раководството на ``Центарот за филм`` од Битола.

Од ``Центарот за филм`` велат дека можат да направат поквалитетен фестивал од ланското издание и да обезбедат 400. 000, наместо ланските 300. 000 евра.

-Да кажам з афинансирањето, ние можевме да стигнеме до четиристотини илјади, со оглед дека главните економски субјекти на Битола, до февруари, беа спремни да вложат пари во фестивалот како спонзори- рече НиколовТаки 2

Наша цел е да создадеме  јадро кое што ќе го негува културното наследство на Битола, и да ги анимираме битолчани во сите филмски активности на градот, а ``Центарот за филм`` ќе биде мост за културните случувања, беше речено на денешниот прес во Битола.

Петар Стефановски