Економија

Прилеп прерасна во град на индустриски зони

Прилеп- 1 е втората по големина индустриска зона во градот под Маркови кули, во која што се продадени сите дваесет градежни локации, а десет стопански објекти се во финални подготовки за старт. Зоната е проектирана за 1.500 вработувања

21.03.2017 19:39:17
 Прилеп- 1 е втората по големина индустриска зона во градот под Маркови кули, во која што се продадени сите дваесет градежни локации, а десет стопански објекти се во финални подготовки за старт. Зоната е проектирана за 1.500 вработувања, а се врши сеопфатна изградба на инфраструктурата. Досега се инвестирани над 600. 000 евра за патна инфраструктура, канализација, водовод и тротоари, беше речено при денешниот увид во изведбените работи.

- Дел по дел зоната веќе се комплетира. Досега започнати со градба се десеттина објекти, а оваа година очекуваме уште три до четири објекти да започнат со изградба и з агодина дена зоната ќе биде комплетна. Како се градат објектите, така ние ја пратиме инфраструктурата до самите објекти - рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

- Овој проект може да послужи и како пример за сите останати детални планови, односно за реализации, зашто прво е направена инфрасттруктурата, а потоа и објектите на стопанските капацитети - рече Илија каревски, раководител по урбанизам.

Прилеп израсна во град на индустриски зони. Во ТИРЗ ``Алинци`` на 80 ха и проектирана за 5. 000 вработувања, веќе работат американската ``Гентерм`` и германската ``Акомпласт``, а наскоро ќе им се придружи е германски ``Вик``. Во ИЗ ``Прилеп 2``, од 25, веќе се продадени 15 локации, додека големите зони ``Прилеп 4`` и ``Прилеп 5`` со површина од 100 ха, се во фаза на урбанизација, а како што велат од локалната самоуправа, овој град станува најпривлечна дестинација за странските инвеститори.
Петар Стефановски